• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Прв форум во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Засегнатите страни со свои предлози укажаа на потреби и проблеми врз основа на кои може да се спроведат проекти во кои најважна компонента ќе биде социјалната инклузија.

30/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово се одржа првиот форум во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ што го спроведуваат Министерството за локална самоуправа, заедно со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, со финпомош на Швајцарската агенција за развој. Засегнатите страни со свои предлози укажаа на потреби и проблеми врз основа на кои може да се спроведат проекти во кои најважна компонента ќе биде социјалната инклузија.

-Полошкиот регион ќе утврди проекти со невладините организации, со општините, со бизнис секторот и сите други засегнати страни па ќе дефинираме кои се развојните потреби во регионот и со тие проекти ќе аплицира до Швајцарската развојна агенција.Втора година се имплементира овој проект и затоа во новиот  закон за рамномерен регионален развој предложивме форумите да се воспостават законски и да важат за финансиските средства кои Министерството преку бирото за регионален развој ги доделува на регионите, изјави Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

Фатмир Саити од Полошки Плански Регион потенцира дека проектот е дел од поголем проект каде веќе се работело на инвестициски и иновативни активности.

-Беше отворено социјално претријатие за угостителство во иновативни проекти, за овозможување за обуки за угостители келнери и готвачи и слично. Вклучени во управување  се угостители. Со инвестициот фонд се продолжи ЕУ Проект за отворање на инфо центри на Попова Шапка Маврово и Гостивар како и во Тетово,рече Саити.

На регионалниот форум присуствуваше и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, која истакна дека Швајцарска агенција за развој е особено важен партнер за општината.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Тетово инфо стана член на Регистарот на професионални онлајн медиуми

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.