• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Претставници на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово со положување цвеќе пред Споменикот на револуцијата го одбележија Денот на независноста 8-ми Септември

Ова е уште еден апел во иднина општината секогаш да ги поддржува и организира овие празници кои значат обединување за сите граѓаните во Република Македонија, изјави Александар Велјановски, член на извршниот комитет на партијата.

08/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово со положување цвеќе пред Споменикот на револуцијата го одбележија Денот на независноста 8-ми Септември.

-Сакам на сите граѓани на Република Македонија да им го честитам 8-ми Септември Денот на независноста на Македонија. Денеска во организација на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ го одбележуваме 8-ми Септември големиот државен празник на кој граѓаните во 1991 година на референдум го дадоа својот глас за своја суверена држава. Го положивме ова цвеќе пред Споменикот на револуцијата затоа што 8-ми септември претставува континуитет на борба и оставрување на идеалите на револуционерите од Илиденското востание преку Втората светска војна па се до ден денес. Ние како оптшински комитет и партија сметаме дека овој празник мора да се чествува како што е пропишано согласно законот и не смее да биде занемарен од страна на општинските и државните власти. Токму затоа овде го искажуваме и нашиот револт и можеме да потврдиме дека и оваа година овој празник помина без никакви обележја од страна на државните институиции и локалната власт.  Се организиравме самите дури беше оневозможено да се интонира државната химна затоа што општината не покажува интерес за организација  на овој голем државен празник. Ова е уште еден апел во иднина општината секогаш да ги поддржува и организира овие празници кои значат обединување за сите граѓаните во Република Македонија, изјави Александар Велјановски, член на извршниот комитет на партијата.

Тагови: 8-ми Септемвриодбележувањепразник

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Делегација на општинската оргaнизација на СДСМ од Тетово по повод  Денот на независноста 8-ми Септември положи цвеќе пред Споменикот на револуцијата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.