Фотографот Глигор Кондовски од Тетово одржува самостојна изложба насловена „Тетово џез моменти“ во петок 6 септември во концертната сала на државното музичко училиште „Тодор Скаловски Тетоец“. Свеченото отворање е во 18 часот, а настап на пијано ќе има Анастасија Волчевска.
-Тоа се фотографии кои пренесуваат комплетнa уметничка катарза, документирано, доловувајќи ја автентичната природа на емоционалната експресија при интерпретација на џез музиката.Џез културата во Тетово, која се развива тивко и сигурно, не забрзано и минливо, а која остава трага, спонтано без дефинирано време, во слободен swing, пишува М-р Катерина Момева, драматург, сценарист.