• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Страст и алчност“ од Јуџин О’Нил во изведба на Тетовски Театар

Актерите од Тетовски Театар на албански јазик утре ќе се претстават со втората претстава за оваа година.  Станува збор за претставата насловена „Страст и алчност“ по текст на познатиот американски драматург Јуџин О’Нил. 

06/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Актерите од Тетовски Театар на албански јазик утре ќе се претстават со втората претстава за оваа година.  Станува збор за претставата насловена „Страст и алчност“ по текст на познатиот американски драматург Јуџин О’Нил.

-После два месеци напорна работа на екипата од тетовскиот театар се претставуваме со втората премиера годинава со наслов „Страст и алчност“ на американскиот автор Јуџин О’Нил, во режија на Фитим Селими, сцена и костими на Медина Хоџа, музика на Премтим Етеми и улогите ги интепретираат актерите од тетовскиот театар.  Иако самиот настан се случува пред два века можам да кажам дека во делот на светот темата е се уште актуелна, истакна Медина Хоџа на денешната прес-конференција.

Премиерата е утре, четврток од 19 часот, но поради пандемијата ќе може да ја следат единствено луѓе кои ќе добијат покани. В четврток исто така од 19 часот ќе има уште една претстава.

-Претставата нема да биде отворена за пошироката публика, само 30 отсто од големата салата во Центарот за култура ќе може да се пополни со луѓе кои се поканети. Сите кои имаат покани треба да дојдат 30 минути пред почетокот, за да се спроведат протоколите со мерење температура, дезеинфекција на раце, а треба да се одржува и дистанца, истакна Медина Хоџа.

Годинава прва претстава на тетовскиот театар беше на 4 септември кога беше изведбата на делото „Опера за три гроша“ од Бертолт Брехт. Театарот до крајот на годината ќе се претстави и со изведба на македонски јазик.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

(ВИДЕО) Алпинистот Надир Мурсели со 25 годишен јубилеј

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!