Македонија денес одбележува 79 години од почетокот на антифашистичкото востание против фашистичките окупаторски војски и нивните поддржувачи за ослободување на земјата.
По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија била поделена помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.
За почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот што Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани, распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.