Неколку десетици метри должина денес претпладне достигна дивата депонија создадена од фрлениот отпад пред православните гробишта во Тетово. На ова место иако нема контејнер и знакот за забрането фрлање на отпадоци постојано се фрла смет, а голем дел од тоа се и делови од мебел и сличен кабаст отпад. Фрлените се и коски од животни, па се шири и непријатна миризба.
-Сликата од оваа место се повторува и дури и предизборните месеци не се доволен мотив за жал да оваа депонија на време се сервисира. Крајно време тој што во следниот мандат ќе управува општината дефинитивно да најде место каде ќе се одложува кабаст отпад од домаќинствата и посебно за градежен шут, вели Валентин Тасески жител на оваа населба.
Денес од Јавното комунално претријатие „Тетово“ немаа одговор на прашањето деновиве дали ќе се пристапи кон подигање на отпадот од оваа локација.
Во мај, раководството на Јавното комунално претријатие „Тетово“ најави дека постои размислување да се прифатат дел од постапките за справување со отпадот во другите градови како што се поставувањето на подземни контејнери во насока да се избегнат вакви состојби.
Во неколку наврати од ЈКП „Тетово“ се посочуват дека при ваква состојба ангажираат багер за да се собере сметот и отпадот што е фрлен на земја.
А.С