Соопштение на СВР Тетово 29 февруари 2024
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (28 февруари) во 15 часот и 30 минути ги лишиле од слобода М.Р.(60) и З.И.(58), двајцата од тетовска Шипковица. Тие биле затекнати во месноста „Студена река“, атар на тетовски Бродец, како со моторни пили бесправно сечат букови стебла. Извршен е увид и било утврдено дека на местото биле пресечени околу 200 стебла. По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (28 февруари) околу 23 часот и 25 минути го лишиле од слобода 41-годишниот А.А. од тетовска Шипковица. При претрес во домот во кој времено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера (28 февруари) во 10 часот и 20 минути на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 40-годишниот тетовец С.К.. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
Вчера (28 февруари) во 16 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово во домот на М.Ц. во тетовско Сараќино ја пронашле Ј.Т.(14) од с.Волково, скопско, за која во 14.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, нејзината мајка И.Т. пријавила дека се оддалечила од домот. Инаку, таа и претходно е пријавувана дека се оддалечувала од домот. Во присуство на претставник од Центар за социјални работи, малолетничката била предадена на родителите.