Во Општина Тетово каде може да гласаат 86.405 граѓани, во сите 117 избирачки места гласањето е почнато навремено во 7 часот, а според Општинската изборна комисија Тетово, нормално се одвива процесот на гласање за денешните претседателски избори.
„Сите 117 избирачки места кои се во надлежност на ОИК Тетово навреме се отворени. Нема пријавени никаков проблем од ни еден избирачи одбор. Се надеваме дека овој процес ќе биде така до крај да немаме никаков проблем. Иако може да се појави некој технички проблем со уредот за биометриско идентификување на гласачите но тоа при интервенција на ОИК Тетово заедно со ИТ лица ангажирани од страна на ДИК ќе се надмине“, информираше Назми Даути од ОИК Тетово.
На претседателските избори во шесте општини на тетовскиот регион можност за гласање ќе имаат 188.329 вкупно граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места.
ас