Повик до православните верници низ светот да донираат средства за заштита на фрескоживописот во црквата Пресвета Богородица во шарпланинското село Јелошник. Тоа може да го направат преку GoFundMe интернет платформа за собирање на средства.
„Црквата е осветена 1872 година, а моменталната состојба е во крајно загрижувачка ситуација со голем број на оштетувања како од механички така и од хемиски карактер. Конзерваторскиот проект се однесува на конзервација на ѕидното сликарство во црквата.Однапред ви благодариме за вашата срдечна помош. Господ да ви преумножи за вашата добрина. Со почит, Црковен одбор на црква „Пресвета Богородица“, село Јелошник.
https://www.gofundme.com/f/support-a-church-fresco-restoration-project-in-macedonia