Соопштение на СВР Тетово 29 јуни 2024
На 28.06.2024 околу 17 часот полициски службеници од Полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М. (27) од с. Челопек, по добиена пријава дека агресивно се однесувал кон семејството и физички го нападнал неговиот татко. Исто така, М.М. бил баран од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор. Против М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
…
На 28.06.2024 во 22.30 часот во ОВР Гостивар М.Б.М (58) од Гостивар пријавила дека истиот ден околу 16.40 часот на ул. „Илинденска“ нејзиниот сосед Д.В. физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…
На 28.06.2024 во 22.00 часот во Полициско одделение Чегране Е.М. (59) од с.Форино пријавил дека во период од 18.00 часот на 27.06.2024 до денот на пријавата во 18.00 часот од двор на место викано „Рудина“ му биле одземени неколку домашни животни – овци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…
На 28.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(62), и мотор „априлија“, управуван од О.Л.(20), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
…
На 28.06.2024 околу 21.10 часот во СВР Тетово Ш.И. (31) од с.Гајре пријавил дека неговиот татко Н.И. (61), кој има здравствени проблеми, агресивно се однесувал кон неговата мајка. Преземени се мерки и активности од полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка и Н.И. е пренесен во Клинички центар Тетово.
…
На 29.06.2024 во 03.27 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице со метален предмет врз А.Р. (30) од Тетово. Тој се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово, за укажување помош. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.