Денес Советот на Општина Тетово ја одржа 34-та вонредна седница, која ја раководеше Д-р Ратко Давидовски, советник од ВМРО ДПМНЕ како највозрасен член на Советот, откако претседателот Бесар Дурмиши стана министер во новата Влада.
– Советниците со мнозинство гласови изгласаа неколку клучни и важни точки како што се: Предлог-одлука за заштита, спасување и управување со кризи во општина Тетово за 2024 година, Предлог-Процена за ризикот на општина Тетово од елементарни непогоди и други непогоди, Предлог-План за заштита и спасување од природни и други непогоди за 2024 година, Предлог-Одлука за прогласување вонредна состојба, Предлог-Одлука за изменување и дополнување на евалуацијата, комисија за штети и елементарни непогоди, Предлог – Одлука за верификација на мандатот на член на Советот на општина, информираше Општина Тетово,
Советниците потсетија дека сите граѓани кои имаат штети, можат да поднесат барање за процена на штета до Општина Тетово, кое може да се најде во архивата на приземјето, да го пополнат и да го вратат.
Оштетените кон барањето треба да приложат: Имотен лист/доказ за сопственост; фотографии од оштетениот објект; копија од лична карта; и копија од трансакциска сметка. По разгледување на барањата и извршената процена од страна на Комисијата, барањата со целокупната документација ќе бидат доставени на одобрување до Советот на Општина Тетово.