• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово секаде се пуши и не се почитува Законот за заштита од пушење.  Непушачите се гушат од чадот на цигарите насекаде низ градот, од угостителски објекти па се до здравствени установи. За ваквата состојба но и за значителните негативни ефекти и последици кои ги има пушењето и загадувањето од пушење, во разговор за МИА, алармира специјалистот по здравствена екологија и хигиена д-р Ратко Давидовски од тетовскиот Центар за јавно здравје.

 

д-р Ратко Давидовски

-Постојано сум очевидец јас лично во угостителски објекти, а токму пред некој видов драстичен пример што ја отсликува состојбата. Жена со дете на отприлика две-три години дојде и влезе во делот за непушачи но запали цигари. Иако ги опоменав во објектот ништо не се случи, иако локалот има и дел за пушење и дел за непушачи. Не се почитува законот за заштита од пушење, особено последниве четири до пет години откако се направија некои популистички ретроградни мерки во однос на законот за заштита од пушење. Така да постојано сме сведоци дека во Тетово нема каде не се пуши од угосителски објект па се до здравствена установи, изјави д-р Давидовски.

Тој смета дека Законот за зашита за пушење од 2013 година на меѓународно ниво добивал пофалби во однос на тоа како државата се справува и како се спроведува.  Сега законот како да не постои особено во Тетово. Според него, главен проблем што самото население не е совесно и не ја почитува насоката на законот дека е создаден да ги заштити тие што не пушат, а не дека има забрана за пушење.

-Сведоци сме дека не се почитува законот за заштита од пушење, иако инспекциските органи си ја вршат својата работа, не можам да кажам дека не ја вршат, меѓутоа има едно големо непочитување помеѓу населението. Кај угостителските објекти, профитот е главниот интерес, сопствениците не се заинтересирани премногу самите да ги имплентираат тој закон. За оваа област работам со децении, со оглед дека кога се донесе прв пат овој закон 1995 година како инспектор сум бил задолжен за надзор на спроведувањето. Со голема страст пристапив кон тоа нешто меѓутоа како врвеа годините тврдам дека се „разводнуваше“ законот,  така да сега имаме една ретроградност, каде што де јуре имаме закон, а де факто во пракса не се спроведува, посочува Давидовски.

Тој потсетува дека негативните ефекти и последиците по здравјето се огромни. Од цигарите нема никаква придобивка туку само зависност која се јавува кај луѓето.

Давидовски ни кажа дека тутунот содржи 7000 хемикалии од кои докажано е дека 70 се канцерогени, како и за тоа дека никотинот не е канцероген туку е отровен. Дава пример со тоа што вели дека една капка никотин може да убие куче.

-Непушачите кога влегуваат во затворена просторија каде се пуши стануваат пасивни пушачи што е и многу полошо, затоа што овие што пушат го имаат филтерот од цигарите, а непушачите го вдишуваат чадот без филтерот.  Ефектите по здравјето се страотни. Тука нема орган што не е нападнат од чадот од цигарите. Поради тие 70 канцерогени материи почнуваат проблемите-од обичен раздразнувачки ринит па бронхит и до најголемата последница – карциом на белите дробови. Во пораст е во последно време, нарочито тука во Македонија. Го напаѓа кардиоваскуларен систем, предизвиува мозочен удар, оштетување на кожата, предвремено стареење на кожата, така да нема бенефит. Има само зависност што претставува најнегативно нешто, има биолошка основа зависност од тутун, вели докторот.

Воедно потсетува дека од негативните ефекти од употреба на тутун е тоа што доведува до стерилитет а и исто така дека доведува до забавување на развој кај децата.

-Тие,децата се вунерабилни и многу се чувствителни.  Луменот (отворот) на дишните патишта им е многу помал и полесно може да има иритација, инфламација, а со хронична инфламација хронично воспаление на белите дробови и крајно карцином на белите дробови. Често се зборува за загадување на воздухот со ПМ10, ПМ2,5 и тука поради пушењето мора да го спомене дека имаме и (indoor pollution) внатрешното загадување на воздухот. На прво место од внатрешно загадување е чадот од цигарите, вели Давидовски.

Во Одделението за инспекциски надзор во Тетово при Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) побаравме податоци колку во текот на 2022 година од нивна страна се извршени контроли за да се открие дали се почитува Законот за зашита од пушење.  Доставија само периодочни податоци за изминатите два и пол месеци.

-Ве информираме дека за периодот од 01.10.2022 год до 09.12.2022 год од страна на Државниот пазарен инспекторат Одделение Тетово, според Законот за заштита од пушење се извршени вкупно 23 инспекциски надзори, издадени вкупно една опомена кај еден субјект и шест прекршочни платни налози со вкупна вредност од 4300 евра, се наведува во одговорот од ДПИ Одделение Тетово.

Според прекршочните одредби од Законот за заштита од пушењето и член 9 глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра во денарска противвредност е предвидена за прекршок на правно лице ако постапи спротивно на членовите 3, 4, 5, 5-а, 6 и 7 од овој закон, додека за прекршокот од ставот 1 на овој член на одговорното лице во правното лице, ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.  Член 10 определува глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице ако пуши во просторија каде што е забрането пушењето (член 2). За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на физичко лице и на самото место на прекршокот.

Александар Самарџиев за МИА

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Искршени стакла и откорнати прозорци на кулата на Титов врв-објектот не е безбеден за подолг престој

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.