• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Искршени стакла и откорнати прозорци на кулата на Титов врв-објектот не е безбеден за подолг престој

19/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарскиот клуб Аргентус Монт Тетово информира дека оштетени се поголем дел од прозорците на кулата на Титов врв поради што овој објект на 2747 метри надморска височина наменет за засолнување сега не е безбеден за престој во внатрешноста.

Оштетувањата се забележани од планинари кои вчера биле до Титов врв. Со оглед дека минатата недела на 11 декември планинар им доставил информации за состојбата на Кулата прозорците најверојатно се оштетени во изминатите седум дена.

-Според информациите и фотографиите доставени од планинари кои во недела пристигнале на Титов врв вратата била целосно блокирана и не можеле да влезат. Покрај ова забележале повеќе искршени стакла од прозорците на првиот и вториот кат и еден прозорец целосно откорнат. Скршени се стакла на првиот и вториот кат на јужната и источната страна. Целосно е откорнат прозорец на втор кат на источната страна. Причината за овие оштетувања не ги знаеме дали се неповолни временски услови или човечки фактор, информираат од ПК Аргентус Монт.

Од клубот случајот го пријавиле во Федерацијата на планинари. Од нив очекуваат да пуштат овластени планира во содејство со претставници на надлежни органи да направат увид на самото место. Од клубот апелираат поединци да не сметаат на престој во кулата.

-Има начин да се утврди дали е намерно од човек или од природни непогоди. Поради ваквата состојба Кулата е апсолутно небезбедна за ноќни престои или ноќевања. Се известуваат планинарите да ги откажат ваквите планинарски акции кои предвдуваат и преноќувања во Кулата се додека не се санираат оштетувањата. Сега поради скршените и откорнати прозорци внатре има снег и мраз, велат од  ПК Аргенус Монт.

Во февруари 2021 година несовесни поединци планинари ја оставиле отворена вратата од кулата на Титов врв па поради тоа во внатрешноста беше навлезена поголема количина снег па објектот до пролетта беше нефункционален. Исто така и минатата година имаше скршен прозорец на кулата

Со вакви постапки се девалвираат напорите на дел од членовите на Аргентус Монт кои пет години наназад носејќи материјали на раце работат на обнова на Кулата. Во овој период тие ставија врата, прозорци, обнова на ѕидовите и внатрешноста, поставија инвентар и многу други работи со цел да биде безбедна и пријатна за престој дури и во најлоши временски услови.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Полицајци на продавачите им укажуваа од последиците доколку продаваат пиротехнички материјали

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.