• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

АДРР Сонце од Тетово спроведе кампања за справување со говор на омраза

18/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Асоцијација за Демократски Развој на Ромите (АДРР) СОНЦЕ ја заврши кампањата за подигање на јавната свест за справување со говор за омраза и дискриминација кон припадници на ранливи категории на население.

Оваа кампања  беше насочена кон младите од основни, средни училишта, високообразовни институции како и општата јавност со цел да се зголеми свесноста за препознавање и спречување на говорот на омраза.

-Кампањата се одржа во месец октомври и ноември преку организирање на отворени денови со ученици, студенти и граѓани како и објави на социјалните и пишаните медиуми во земјите од Западен Балкан. Четири настани беа организирани во рамките на отворените денови за справување со говорот на омраза со учество на преку 200 учесници од нашата земја и тоа, 58 ученици од основни училишта, 61 средношколец, 33 студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа и 47 граѓани во Тетово со цел сензибилизирање, подигање на свеста и активно вклучување во борбата против говор на омраза особено кон ранливите групи на население и ромската заедница, изјави Маргита Стојановиќ претставник на АДРР СОНЦЕ- Тетово.

Според претставниците на организацијата младите препознаваат говор на омраза, од секојдневието знаат кои групи или поединци се најчесто предмет на говор на омраза. При тоа, за најодговорни ги сметаат возрасните и повикуваат на сеопфатни решенија со цел да се сузбие оваа појава во општеството.

-Во рамки на отворените денови со младите се разговараше за најчестите предрасуди и примери на говор на омраза со кои се соочува ромската заедница, слободата на говор и како заеднички и поединечно да придонесеме во справувањето со говорот на омраза. Беа поделени повеќе од 300 брендирани маички, тетратки, беџови, брошури, алки и лепенки со порака Блокирај омраза. Сподели љубов како и 100 флаери со специфични пораки за борба против дискриминација и говор на омраза кон ромската заедница, рече Стојановиќ.

Кампањата беше дел од проектот „Справување со  говорот на омраза во земјите од Западен Балкан“ што го спроведува АДРР СОНЦЕ поддржан во рамките на „Акција за промовирање на различноста и еднаквоста во Западен Балкан“ преку „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција“- заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа.

ас

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

СВР Тетово: Tројца приведени поради најден кокаин

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.