Вчера (3 декември) од 8 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, биле откриени и санкционирани вкупно 62 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-38 и ГВ-24), од кои 2 ( ТЕ-1 и ГВ-1) за повеќе од 70 километри на час и 23 (ТЕ-12 и ГВ-11) за повеќе од 50 километри на час.
Исто така, откриени и санкционирани се и 44 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-42 и ГВ-2). од кои 1 (ТЕ) за повеќе од 50 километри на час, како и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-6).
Секторот за внатрешни работи Тетово и наредните денови планира и ќе спроведе вакви или слични активности и апелира до возачите да бидат максимално одговорни и внимателни кога станува збор за брзината со која се движат со нивните возила и целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи. Ова, посебно се однесува на тетовските и гостиварските улици, но и по автопатот и регионалните и локалните патишта на подрачјето.