Вчера (13 ноември) од 8 до 20 часот биле санкционирани и вкупно 16 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-7 и ГВ-9), од кои 1 (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час. Во вчерашните контролни активности санкционирани се и 70 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-45 и ГВ-25). Најголемиот број од овие прекршоци се однесувале на управување на возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, непрописно, односно погрешно паркирање, користење на неатестирани фолии на стаклата и други.
На подрачјето на СВР Тетово вчера (13 ноември) од 10 до 14 часот спроведена е акциска контрола на возачите – дали и колку ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 45 прекршоци (ТЕ-31 и ГВ-14), од кои најголемиот број се однесувале на непропуштање на пешаците на обележани премини, како и на недавање предност на оние пешаци кои веќе започнале да ги преминуваат улиците. На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби кои се движат од 200 до 250 евра. Оние кои се санкционирани со глоба од 250 евра ќе се соочат и со мерка времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкциониран е и 1 (ТЕ) друг вид сообраќаен прекршок.