Соопштение на СВР Тетово за настани евидентирани на 13 ноември 2023
Вчера (13 ноември) во 14 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Љуботенска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 81-годишниот тетовец С.Х., удрило во велосипед управуван од 72-годишниот тетовец Ш.М.. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Вчеравечер (13 ноември) во 23 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот О.М. од тетовско село, кој четириесетина минути пред тоа бил пријавен од неговата 24-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово, одземена му е ловечка пушка со 14 патрони и гасен пиштол, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок