Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Тетово Александар Велјановски одржа прес-конференција:
Првиот круг од претседателските избори, покажа и докажа дека Македонија е подготвена за промени. На 8 Мај очекуваме масовна подршка од сите граѓани за Кандидатот за Претседател на Коалицијата “Твоја Македонија”, Гордана Силјановска-Давкова.
На 8 Мај се одржуваат и парламентарните избори на кој бараме подршка од сите граѓани за редниот број 2, подршка за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во изминатиов период политичките партии ги промовираа своите кандидати, своите идеи и погледи за Македонија со кој освоија гласови. Како што може да се забележи во 6 Изборна Единица има голема поделба на опозиционото гласачко тело. Овие поделби нема да донесат ништо добро.
Оние партии кои на национално ниво освоија голем број на гласови, тука во полошкиот регион немаат шанси за освојување на пратеник.
Правецот кон кој мора да се движиме е ОБЕДИНУВАЊЕ околу бројот 2, ова треба да биде нашата цел. Само на тој начин вие како граѓани, но и МАКЕДОНИЈА како држава ќе се движи напред. Секој кој живее во Македонија има еднакво право на мирен и достоинствен живот.
Би сакале да го потенцираме значењето на единството, бидејќи само преку национално и државно единство Македонија повторно ќе биде горда. Ова е пристапот што е потребен во моментов.
Повикуваме на обединување на 8 Мај, сите граѓани да ја дадат подршката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” под реден број 2, бидејќи треба да не обединат заеднички цели, а тоа се повисок квалитет на живот, национално достоинство и напредок во државата во која живееме.