Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ Тетово со соопштение до јавноста:
Со загриженост ги следам новите случувања околу подигањето на крстот на Попова Шапка и лично како човек ме загрижува непочитувањето на верските обележја на православните христијани.
Тетово е град на бројни верски објекти како што се црквата Св. Кирил и Методиј и Шарена џамија и многу други и никогаш ама никогаш немало вакви реакции, особено немало реакции кога се работело за изградба на џамии без никаков документ.
Ако се земе предвид дека во Тетово во последните децении се изградени многу џамии и споменици без дозвола и нелегално сметам дека крстот на Попова шапка е последниот за кој треба да се разговара.
Ги повикувам сите кои што деновиве ја брануваат јавноста со некакво рушење на крстот на разумно однесување и почитување на правата и чувствата на Македонците. Ова се однесува особено на албанските партии и политичари кои очигледно заборавиле дека Македонците во Тетово пред десеттина и повеќе години гласаа за ослободување на џамиите како верски објекти од трошоци за легализација. Сега и Македонците православни христијани кои се 30% во Тетово очекуваат исто така солидарност од нив.
Исто така сакам да се обратам и до сдс и до пратеничката Фаница и да им укажам дека играат многу валкано и со ниски удари на оваа тема, шират лаги и дезинформации кои прават голема штета токму на крстот и црквата, и наместо да повикаат на разум и меѓусебно почитување прават раскол во Македонското ткиво.
Сега, во овој момент сметам дека е најважно ние Македонците да се обединиме во нашата вера и истата да ја заштитиме од секакви напади.
Крстот е таму кај што треба да биде, нека е за век и веков.