Соопштение на СВР Тетово: Триесет и осумгодишниот тетовец, вчера (26 декември) во 14 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи. Но, до пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари. Истото лице, поради сомнение за иста измама вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел и платил 25.800 денари. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.