Актуелниот пратеник од Тетово, Александар Велјановски, партијата ВМРО ДПМНЕ ќе го кандидира повторно за претстојните парламентарни избори. Во изборната единица 6 носител е Дафина Стојаноска, а Велјановски е на второто место.
-Почитувани пријатели, вечерва со одлука на претседателот Христијан Мицкоски и највисоките органи на партијата номиниран сум на второ место како кандидат за пратеник на листата за пратеници на ВМРО ДПМНЕ за ИЕ6. Заедно со останатите кандидати за пратеници се обврзувам дека ќе продолжам со чесна и напорна работа и достоинствено застапување на интересите на сите вас. Вашата голема поддршка е мој мотив и обврска која ќе ја оправдам со конкретни дела. Време е за промена на власта, време е за промени. Да живее ВМРО ДПМНЕ !Да живее Република Македонија порача Велјановски на социјалните мрежи
Еве ги и останатите кандидати за пратеници
ИЕ 6
1. Дафина Стојаноска
2. Александар Велјановски
3. Валентина Марчевска
4. Коалиција
5. Верица Апостоловска
6. Ванчо Милевски
7. Алишериф Синани
8. Анета Ќироска
9. Анита Бошкоска Јованоска
10. Мишо Маринковски
11. Бране Стојчевски
12. Верица Тофиловска
13. Ивана Савеска
14. Даниела Апостоловска
15. Деан Трпески
16. Марина Петровска
17. Горан Зафировски
18. Тања Сибиновска
19. Лилјана Спиревска
20. Александра Спироска