Александар Велјановски кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ со завршно обраќање до граѓаните во пресрет на изборите во среда повика на обединување на опозицискиото гласачко тело и победа на коалицијата Твоја Македонија.
„Остануваат уште неполни 2 дена за да ја потврдиме големата победа којашто се случи на 24 април. Затоа ве повикувам на 08.05, сите заедно обединети, достоинствени да излезете на изборите и да го заокружите бројот 2 за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и за идната претседателка Гордана Силјановска Давкова да ја направиме Македонија повторно горда Македонија повторно твоја“истакна Велјановски.