• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ангел Карапетров: Вчера во Општина Тетово имавме скандалозен начин за пречек на претседателката на Косово и истото најостро го осудуваме

28/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Ангел Карапетров го осуди вчерашното однесување на Општина Тетово и побара почитување на македонскиот јазик и македонскот народ.

-Ќе повториме, ние како политичка партија на ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваме институциите на Република Македонија предводени од СДСМ и ДУИ да превземат мерки веднаш и да постапат според Уставот и постојните важечки закони во врска со поставувањето на билборди само на албански јазик. Вчерашниот начин за пречек на претседателката на Косово не беше во духот на Рамковниот договор, а со кој договор акцент е ставен токму на македонските мултиетнички општини, особено тука во тие општини да постои соживот и взаемна почит помеѓу етникумите. Во ниту еден момент, не треба да се заборави дека Тетово е град во Република Македонија, град во кој освен македонци живеат и други етникуми. И не треба да се игнорира фактот, дека како на цела територија на Република Македонија, така и во Тетово официјален службен јазик е македонскиот.

Истовремено, сакаме да ја поздравиме добрата соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Косово. Сметаме дека е добро да градиме добрососедски односи. Меѓутоа, остро се спротиставуваме на злоупотребата на Уставот и законите на Република Македонија. Вчерашниот настан не враќа 20 години назад, наместо ние, својата енергија да ја насочуваме кон борба за подобра економска стабилност на државата, кон борба за сузбивање на криминалот и корупцијата, борба за владеење на правото и правна држава и заедничко унапредување на Република Македонија на патот кон Европската унија. Тој пат се гради само со взаемна почит.

Почитуван градоначалник, Македонците во Тетово бараат доследно спроведување на Рамковниот договор. Тие гласаа за вас и ви ја дадоа својата доверба и поддршка на локалните избори, со чија помош победивте. Македонците кои го дадоа својот глас за Вас, се надеваа дека ќе видат поразличен градоначалник од вашата претходничка. Македонците во Тетово, искрено се надеваа дека ќе бидете градоначалник на сите граѓани. Не ги нарушувајте добрите меѓуетнички односи собирајќи ситни политички поени. Должни сте да го почитувате македонскиот јазик и македонскот народ. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија за која гласаат огромно мнозинство од македонците ви даваме поддршка, но таа не е безусловна! Искрено се надеваме дека ќе ги увидите грешките, и во иднина нема да се повторуваат!

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

„Ане Компани МБ“ прослави 20 години од основањето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!