• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Архиепископ г.г Стефан : Светоста на Кирил Лешочки е поради преголемата љубов што ја имал кон Бога и луѓето

16/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија г.г Стефан по канонизацијата на Кирил Лешочки се обрати до верниците со порака дека објавувањето на светоста на еден човек е израз на човековат благодарност но и Божја волја за истакнување на преголемата љубов што светителот ја има кон Бога и кон луѓето.

Затоа, според г.г Стефан, денес МПЦ-ОА го објавува овој докажан преподобен за уште еден небесен покровител и за уште еден молитвеник пред Божјиот престол.

-Преподобниот отец Кирил не само што успеал во својот живот да се потруди за остварување на зададената подобност туку тој како што расудува еден современ светогорски старец во својата мисија и со своите дела покажа дека единствено православното пастирство е пастирството на обожувањето. Затоа овој наш голем проповедник тоа постојано му го проповедал на верниот народ. Со своите проповеди и писанија па и со својата севкупна дејност се истакнал во преродбенискиот период во времето кога на нашиот народ му требало поука како треба да го љуби Бога, и како да ги сака луѓето и зошто треба да ги чува своето писмо и својот јазик следејќи го примерот на Светите браќа Кирил и Методиј и Светиот Климент Охридски, порача г.г Стефан.

Тој исто така во беседата истакна дека Свети Кирил Лешочки е една од најистакна личност на просветителското движење во првата половина од 19 век. Со своите проповеди и писанија, во времето кога му требало поука на народот и зошто треба да го чува своето писмо и јазик.

-Воедно денес ја исправме неправдата која што на Кирил Лешочки му ја наметнуваше секуларната наука гледајќи го ова светило на врв планина само како на учител, книжевник и јазичар, а не и како на подвижник, монах, свештенослужител, молитвеник и црковен просветител и проповедник. Преподобниот Кирил е втемелувач на новата македонската книжевност и првиот позначаен писател во новата македонска литература. И монахот Кирил е блажениот човек, пред чие просветителско творење со должен пиетет треба да се поклониме. Лешочкиот игумен е човекот кој му нуди на тогашниот и на денешниот човек едно поинакво просветителство кое просветува и возведува кон светоста, просветителство кое го враќа сознанието во Богољубив начин на живеење, истакна поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија.

Архиепископот посочи дека процесот на канонизација на Кирил Лешочки е уште една потврда на плодотворна дејност на надлежниот архиереј г. Јосиф, кој на почетокот на месецот одбележа десет години како ја води тетовско-гостиварската епархија.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Музеј на тетовски крај го санираше оштетениот Споменик на Револуцијата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.