Преку прес-конференција неколкумина асистенти на Медицинскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово соопштија дека од почетокот на академската година ја бојкотираат практичната настава поради тоа што не им се исплаќа хонорар. Не се исплатени за 2022 и 2023 година, велат асистентите.
„На почетокот на овој академски семестар е упатено писмено барање до деканот на Медицинскиот факултет и до Ректоратот. По ова барање исплата се вршеше само два месеца, а остануваат уште три полни семестри без исплата, што значи 9 месеци, изјави Висар Џафери, еден од асистентите.
За медиумите ректорот на тетовскиот универзитет Јусуф Зендели најави дека ќе има надминување на проблемот.
„Од првиот ден кога го добив мандатот, една од моите заложби беше да создадам најстабилна финансиска состојба на универзитетот. Тоа се постигна и преку формирањето на синдикатот, синдикатите имаа свои заложби, имаа протести, а сега платите на професорите се зголемени за 22% и постепено тоа создава подобра состојба, што значи дека и исплатите и за дел-време професори и многу брзо овој дел ќе биде опфатен во целост и верувам дека институцијата никому нема да биде должна и сè ќе оди добро, изјави ректорот Јусуф Зендели.
Сè додека не добијат исплата на заостанатите хонорари, асистените велат нема да ја одржуваат практичната настава, како и дека го чекаат одговорот од управата за нивното барање дадено на 28 март.
ас