• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Бесплатни прегледи за тетовските пензионерки по повод меѓународниот месец за борбата против рак на дојката

03/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на пензионери во Тетово преку Комисијата за здравство, организира бесплатни субспецијалистички ехо-прегледи во текот на октомври, по повод меѓународниот месец за борбата против рак на дојката.

Прегледите се вршат во просториите на Здружението во Тетово во вторник, четврток и петок од 10 до 14 часот од страна на специјалист радиолог Д-р Павле Спасеновски.

-Со оглед дека октомври е меѓународниот месец за борбата против рак на дојката секој вторник, четврток и петок од 10 до 14 часот ќе има бесплатни прегледи, а пензионерите не треба да носат ни упат само треба добра волја да дојдат на прегледи да се јават тука. Резултатите се даваат веднаш, а ако има потреба за понатамошно третирање им даваме и рентген снимки, изјави д-р Спасеновски.

Докторот потенцира дека превентива и честите прегледи се најдобар начин за брзо октривање на оваа болест. Со соодветен третман пациентката може да ги избегне трагичните последици.

-За жал за рак на дојка, за малигнитетот, нема никакви симптоми, единствено е што треба да се најде тврда грутка во градите. Сепак треба да се прави и разлика, бидејќи секоја циста е тврда, а не секоја циста е значи и рак на дојката.  Прв посериозен знак кој жените може да го препознаат е да се допира кожата на градите и ако станала како кора од портокал, тоа е знак дека нешто не е во ред и да се јават за преглед, изјави д-р Спасеновски.

Тетовското пензионерско здружение има над 11 илјади членови.

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Во Тетово поради најден хероин приведени две лица од Гостиварско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.