Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (3 октомври) околу 19 часот и 45 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, ги лишиле од слобода Р.Ј.(43) од Гостивар и Ш.Ф.(30) од гостиварско Чегране, затоа што при нивен и преглед на патничкото моторно возило „опел зафира“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им бил пронајден хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци,информира СВР Тетово.