• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Биљал Касами:  Решен е проблемот со водата за пиење во сeлата Фалише и Сараќино за следните 20-30 години

21/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По зачестените реакции на жителите на Фалише и Сараќино,градоначалникот на Тетово, Биљал Касами го посетил местото каде што работниците од комуналното претријатие копаат за да се најде извор за вода за двете села кои три недели се соочуваат со прекин во водоснабдувањето.

Според првиот човек на општината овој потфат на ЈКП ќе значи решение за честите проблеми со водоснабдувањето во наредните неколку децении.

 -Решен е проблемот со водата за пиење во селата Фалише и Сараќино за следните 20-30 години. Поради честите дефекти и немањето проект за водоводна линија во овој дел, успеавме да го решиме проблемот со отворање на нов бунар каде што ќе ја пренесеме претходната линија. Со ова, го затвораме повеќегодишниот проблем со водоснабдувањето на Фалише и Сараќино, порача Биљал Касами.

Од 1 февруари жителите на двете села се соочуваат со прекин во водоснабдувањето. Селата досега се снабдуваа со вода преку водоснабдителен систем кој носи вода преку цевковод од 12 километри од реонот на Палчиште и Калник, но не се најде каде е проблемот и каде е прекинат дотокот на вода.

Поради тоа се одлучи да се копа бушотина во Фалише за обезбедување на вода за пиење. Жителите често реагираат до медиумите и бараа долготрајно решение на честите проблеми со водоснабдувањето.

ас

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Приведени за најдена дрога и физички напади, еден случај на каснување од бездомно куче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.