Соопштение на СВР Тетово 15 март 2024
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (14 март) околу 16 часот и 30 минути во тетовска Палатица го лишиле од слобода 48-годишниот Ј.Л. од ова село, кој претходно бил пријавен од 49-годишниот Е.М. од тетовска Гургурница дека четириесетина минути по полноќ пред угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово физички го нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчеравечер (14 март) околу 20 часот на улица „Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец С.Д. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.
Триесет и деветгодишната И.М. од тетовско село, вчера (14 март) во 16 часот и 10 часот во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот и 10 минути во тетовско средно училиште во кое учел нејзиниот малолетен син, професорот И.Н. се однесувал агресивно кон него и му нанел повреда со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Седумдесетгодишната Ф.Х. од тетовско Селце, вчера (14 март) во 19 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 16 часот во дворот пред семејната куќа физички била нападната од нејзиниот сосед Р.Џ.. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (14 март) во 10 часот и 30 минути, 51-годишен жител на тетовско село во СВР Тетово пријавил дека околу 10 часот и 15 минути него и сопругата физички ги нападнал неговиот брат И.А.(54), а поради нивни нерасчистени имотно-правни односи. Се расчистува и документира случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (14 март) од 9 до 15 часот спровеле акциска контрола на товарни возила, во која биле откриени и санкционирани 6 технички неисправни возила (ТЕ-4 и ГВ-2) кои имале неисправни сопирачки и 1 возило (ТЕ) со истечена сообраќајна дозвола и 1 (ТЕ) со други недостатоци. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, биле санкционирани и 8 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-6). Во рамките на контролата санкционирани се и 3 (ТЕ) непрописно, односно погрешно паркирани возила.