СВР Тетово известува дека вчера (2 октомври) во 14 часот на крстосницата на улиците „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 75-годишниот А.А. од тетовско Вејце, удрило во пешак З.И.(79) од Тетово. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.
Вчера (2 октомври) во 20 часот и 30 минути во СВР Тетово бил повикан С.К.(21) од Тетово, кој еден час пред тоа пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово околу 13 часот бил физички нападнат од три лица и повреден со остар предмет, при што му биле одземени и пари. По преземени мерки и активности набргу било утврдено дека тој лажно пријавил, измислувајќи го случајот, откако на друго место ги изгубил парите. По целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок
Вчера (2 октомври) во 9 часот и 45 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 62-годишниот М.Ј. од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 50-годишна сопруга дека физички ја нападнал и ја оштетил покуќнината во нивниот семеен дом. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.
Четириесет и едногодишниот тетовец Ѓ.И. вчера во 14 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавил дека четири лица во близина на тетовско основно училиште, по завршување на часовите, со остар и метален предмет им се заканувале на неговите две малолетни деца. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.