Модераторот на Левица – Тетово, Боби Илиевски и коносител на пратеничка листа се обрати кон јавноста:
„Борбата започнува со Левица, затоа одберете борба. Левица е последниот бастион на Македонија. Ги повикуваме тетовци да гласаат за проф. Ванковска, број 5. Бидејќи е дојдено времето за излез од ограничената политичка рамка и нужноста за нова политичка клима.Потребата за нова, трета опција со достојна програма, која единствено ја нуди Левица – народна партија, потпрена и создадена врз темелите на работничката класа.
Приклучете се на борбата!Сега е вистинско време да се спротиставиме и разбудиме,Нашата Македонија не чека да ја направиме достоинствен дом.Дом кој нема да биде егзодус за младите, цензурирано општество, дом под стисокот на туѓи договори. Затоа е важно да гласаме повторно да бидеме достоиствена нација.Тетово за Игор Димески, Македонија за Билјана Ванковска.