Серијалот „Срце на дланка“ го прикажа тешкиот и мачен живот на семејството Петровиќ во штипското село Козјак, што беше причина за нова хуманитарна акција на тетовчанецот Далибор Ѓорѓевски заедно со сограѓанинот Јовица Спировски, кој живее во Америка.
Двајцата со поддршка на повеќе пријатели собрааа средства за реновирање на двете соби и купатило во куќата на Јовица Петровиќ која се опреми со мебел, како и машина за перење и телевизор.
Во потресната сторија во рамки на серијалот „Срце на дланка“ 51 годишниот Јовица Петровиќ раскажа дека со сопругата Виолета се тешко болни и не можат да работат и да обезбедат егзистенција за двете деца Јован и Габриел.
Поради тоа тие деца се претежно гладни, без услови за учење. Јован раскажа дека во училиште на голем одмор, додека сите појадуваат, тој излегува надвор.
Со ангажманот на Далибор Ѓорѓевски и Јовица Спировски наместо субстандарди услови во малата куќа сега има нови врати и прозорци, обновени се сите ѕидови, поставен ламинат, реновирано цело купатило, а ќе може да се одржува хигиена со новата машина за перење.
Обновата на домот е направена во период од десетина денови, а дел од хуманитарната акција обезбедување на храна за семејството Петровиќ.
Далибор Ѓорѓевски минатата година патуваше во кратовското село Секулица каде помогна на тамошно семејство.
Втора акција на Далибор од Тетово-донираше кревети за семејството Николовски од Секулица, Кратовско