ТЕТОВО ИНФО, 14 МАРТ 2024
Четири малолетници и две машки лица на возраст од 44 и 54 години вчера биле повредени од бездомни кучиња, па случаите се пријавени во СВР Тетово за понатамошна постапка.
На улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ се случиле три од нападите, а имало и на улиците „Јордан Златаноски“, „Михајло Раичевиќ“ и „Димо-Гавроски-Кара“.
„Педесет и четиригодишниот тетовец И.З., вчера (13 март) во 21 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ бил каснат од куче скитник. Во 20 часот и 40 минути, Ф.Б.(46) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека неговиот малолетен син на улица „Јордан Златановски“ бил каснат од куче скитник. Четириесет и четиригодишниот тетовец М.С., вчера (13 март) во 21 часот во СВР Тетово пријавил дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ бил каснат од куче скитник. Триесет и деветгодишната тетовка М.З., вчера (13 март) во 12 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица „Михајло Раичевиќ“ во Тетово нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Дваесет и деветгодишниот О.А. од тетовска Палатица, вчера (13 март) во 14 часот и 35 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Димо Гавровски-Кара“ неговата малолетна сестра била касната од куче скитник. Вчера (13 март), И.З.(54) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираше денес СВР Тетово.
Веќе неколку месеци во Тетово нема служба или фирма која се справува со бездомните кучиња. На новинарско прашање денес до градоначалникот Касами кога ќе се најде соодветна мерка за справување со бездомните кучиња, тој одговори дека има опструкции во подготовка на тендерот.
„Во делот имало некои компликации како што за жал се случува тука кај нас, за се да се прави препрека на општината. Во делот на подготовка на тендерската документација за да се објави, но работиме да се расчисти тоа да се објави тендерот за избор на фирмата која ќе се грижи за тие кучиња за да согласно тоа работиме во делот на тргање на тие кучиња од градот, истакна Касами од ООУ „Наим Фрашери“ каде денес продолжи кампањата за подигнување на еколошката свест и одговорност кон животната средина која почна Општина Тетово ја почна на 1 март
Според евиденцијата во СВР Тетово досега во 2024 година се нападнати и повредени 26 лица, кои за тоа поднеле пријава до полицијата.
ИСКУСТВО НА ТЕТОВЧАНЕЦ МИНАТОТО ЛЕТО
Два пати неделава пријавил напад од бездомно куче, општината бара трпение од граѓаните
ас