Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (16 март) околу 23 часот и 30 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, ги лишиле од слобода М.И.(22), Љ.Ф.(18) од гостиварско Чегране, 16-годишник од гостиварско Чајле и 19-годишниот гостиварец Н.Ј., затоа што им била пронајдена и одземена марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира СВР Тетово.