• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовскиот адвокат Дарко Котески на Уставен суд го оспори општинскиот правилник за исплата на штета по напади од бездомни кучиња

17/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Правилникот кој Општина Тетово го изработи со цел да се спогоди за штета со граѓаните доколку бидат повредени од каснување од куче скитник е оспорен пред Уставниот суд.  Оваа одлука која е донесена од Советот на Општината е оспорена од адвокатот Дарко Котески. Како неуставни се оспорени и критериумите за добивање штета.

-Советот на Општина Тетово нема надлежност за донесување на оспорениот правилник и зато оценувам дека е спротивен на Законот за локална самоуправа. Таа надлежност му припаѓа исклучиво на градоначалникот. Правилник е спротивен на член 8 и член 51 од Уставот. Ги  оспорувам и критериумите за утврдување на висината на надоместокот на штета предизвикана од куче бездомник според кои граѓаните се поделени според возраста за добивање отштета, вели адвокатот Дарко Котески.

И од Уставен суд информираа дека во текот на февруари меѓу вкупниот број на 21 нов предмет кои се оформени се наоѓа и предлогот на тетовскиот адвокат.

-Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од судии и советници и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи поединечни реферати коишто ќе содржат предлози за гласање на седница, информираше Уставен суд.

Правилникот беше усвоен на седница на Совет во 2022 година. Секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи соодветна пет члена комисија за постапување по барање за надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на подрачје на општината.

Има критериуми за утврдување на намедостокот по кои ќе се раководи Комисијата, при што што материјалната и нематеријлната штета за повредени се проценува врз основа на видот на каснување  (5, 10 или 15 поени), бројот на каснување, степен на претерпен страв, возраст и последици кои настанале од каснување, (а-награденост и б-нарушување на психичката состојба од претерпениот страв). Врз основа на критериумите и поените надоместокот може да биде од минимални 30 илјади денари до максимални 100 илјади денари.  До барателот се доставува сподгодба со која се предлага висината на надоместокот на штетата, која може да ја прифати или одбие.

Повредените лица треба да достават медицинска документација од здравствена установа за третирање на повредата настаната од каснување од бездомно куче, потврда од МВР, записник од Општински инспекторат, фотографија и изјава од сведоци ако има, опија од фискална сметка за трошоците направени во врска со настанот и копија од трансакциска сметка на барателот.

ас

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.