Соопштение на СВР Тетово
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (4 декември) околу 23 часот и 30 минути, на улица „Вонвардарска“ во Тетово, го лишиле од слобода 48-годишниот Т.Ѓ. од прилепското село Пешталево затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера (4 декември) околу 12 часот и 50 минути на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 29-годишниот А.Т. од Република Албанија, кој непријавено престојувал на подрачјето, односно го злоупотребил туристичкиот престој. Задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
Вчера (4 декември) околу 18 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово во Казнено-поправната установа Затвор Тетово го спровеле 29-годишниот М.И. од тетовско Слатино, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело„ неовластено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик. Претходно, со судска наредба и по распишана потерница, тој бил приведен на Аеродромот Скопје и потоа предаден на полициските службеници на СВР Тетово.
Вчера (4 декември) во 10 часот и 45 минути во СВР Тетово на службен разговор е повикан 37-годишниот тетовец Б.Љ. кај кого била пронајдена и одземена марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (4 декември) во 9 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Мерово и Седларево, полициски службеници на СВР Тетово пронашле целосно опожарено патничко моторно возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 48-годишниот скопјанец С.Б. Возилото било пријавено за одземено пред еден месец. Извршен е увид и се расчистува случајот