Граѓаните на Тетово и вечерва преку Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) пријавиле проблеми и последици поради обилниот дожд и поплавените улици.
Од 17 часот и 30 минути во Тетово има обилен дожд, со силен ветер и грмотевици со повремени прекини.
„Добиена е пријава на 112 во ЦУК дека во повеќе дворови на ул. „Иво Лола Рибар“ во Тетово има влезено вода од улицата после обилните дождови. Има материјална штета. Добиено е известување за излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ во Тетово. Водата што се излева од канализација навлегува во дворовите на жителите во ова подрачје и претставува опасност за поплавување на нивните семејни домови. Добиена е информација на 112 во ЦУК за поплавени подруми од семејни куќи на ул. „172“ во правец кон Сточниот пазар во Тетово. На 112 во ЦУК е добиена пријава од вработен во ресторан „Шари“, Лисец (Општина Тетово) кој информира за оштетување на повеќе коли од невремето, на паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби, информираат од ЦУК.
Од ЦУК ја пренесуваат информацијата на Управата за хидрометереолошки работи УХМР дека Полошкиот регион е зафатен од нестабилна воздушна маса проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на дожд и град („суградица“). Исто така, од Радарски центар „Ѓуриште“ телефонски известиле во ЦУК дека иста е состојбата и во Гостиварско и во Кумановско, како и дека нестабилната облачна маса се движи кон Србија.
ас