На плоштадот во Тетово децата од градинките дојдоа на забава по повод Меѓународниот ден на планетата Земја 22 април. Имаа направено костими од веќе употребени материјали, покажувајќи ја креативноста и желбите за чиста околина.
„Имаме разни активности со сите деца од градинката, а денес поголемите деца се тука на плоштадот да покажат дека научиле да селектираат отпадоци и да прават разни костими. Во изработката им помогна персоналот од градинките и родителите. Сакаме да дадеме силна порака дека отпадот не е ѓубре, туку треба да се селектира и да се рециклира, да ја сакаме и да чуваме нашата планета, изјави Фатлинда Јаја, директорка на Јавна установа детска градинка „Младост“-Тетово.
Пораката од овој настан е да не биде вака само на овој ден, туку 365 дена да се грижиме за околината и планетата, рече и градоначалникот.
„Да, внимаваме како ги користиме материјалите од пакувања од секојдневна потрошувачка. Да не се гледаат како отпадоци туку да се користат со понатамошно рециклирање и користење на истите. Видовме дека од такви материјалите изработија убави модели и дизајни, покажаа креативност. Заедно работиме со сите генерации да направиме почисти и поубав град, изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово.