Со завршна приредба симболично од градинката се разделија децата од најголемите групи кои треба да почнат да одат во прво одделение на есен во септември. Воедно на овој начин во општински рамки се одбележа 1 јуни Меѓународниот ден на децата.
„Во Центарот за култура се одржа завршна приредба на дечињата од ЈОУГД “Младост” Тетово, кои оваа година за прв пат ќе седнат во училишните клупи. Градинката за збогува со уште една генерација на идни првачиња. Децата заедно со воспитувачките приредија одлична приредба, на која присуствуваа од раководството на градинката, родители и семејства на дечињата.Им посакуваме во иднина успешно да отвораат нови поглавја и врати на успех и просперитет, информираше Општина Тетово.