Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово утре, сабота 1 јуни со почеток во 19:30 часот ќе се одржи 29-то издание на фестивалот за детски и забавни песни „Јаболчиња“. На ова издание ќе се изведат 14 детски песнички создадени од текстописецот Слободанка Ничевска и аранжмани на Никола Димовски-Т’мница.
„Присутните ќе имаат прилика да слушнат најразлични содржини: детски, патриотски, мистични. Секоја песничка е со голема љубов направена, тоа најдобро се гледа во задоволните и насмеани ликови на дечињата. Секој наслов е нивна желба остварена. „За сите вас мили дечиња“, тоа е таа реченица која со години се пее во химната на „Јаболчиња“, велат организаторите на фестивалот.
Првото издание на „Јаболчиња“ се одржа на 1 јуни 1996 година. Од 2019 година во организацијата соработуваат Никола Димовски-Т’мница и Слободанка Ничевска, која е виолинист при Македонската Опера и Балет.
ас