Поради дефект на среднонапонски кабел, над 3000 жители на Брвеница се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Прекинот е од околу 14 часот.
-Екипите на Електродистрибуција се уште работат на терен и се при крај со санацијата на дефектот. Наскоро се очекува снабдувањето да биде нормализирано, информираат од Електродистрибуција.