Соопштение на ФК Љуботен
ФК ЉУБОТЕН 1919 е дел историјата на моето, на твоето и на сите тетовски и македонски семејства. ФК “ЉУБОТЕН” е неизбришлив дел и жив сведок на македонската историја. ФК “ЉУБОТЕН” е симбол на градењето на спортскиот дух на младите генерации Тетовчани и Македонци.
И не само Македонци, ФК “ЉУБОТЕН” е симбол на заедништвото кое преку спортот се градеше во Тетово и Македонија. Многу македонски, турски, албански, српски, ромски, бошњачки и влашки срца чукаа и се уште чукаат за ФК “ЉУБОТЕН”. Во ФК “ЉУБОТЕН” никогаш не се делеле луѓето по верска и национална основа. Сите Љуботенци имаат само една вера: ФК “ЉУБОТЕН” и една нација: ПЛАВАТА БОЈА.
Плавата боја како симбол на плавото небо над врвот Љуботен. Плавата боја како симбол на ИСТОТО НЕБО ПОД КОЕ ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО. Плавата боја како симбол на младоста, на непокорот и спортскиот дух.
Пролетта 1919 година првата послевоена (од Првата Светска војна) генерација на тетовските гимназијалци Јован Марковски (прв претседател на клубот), Стевица Бошњаковски, Никола Павловски-Бутика, Симо Момировски, Заре Заковски, Момчило Ќириќ, Саша Поповски, Миле Захариевски, Стеван Јовановски, Александар-Цане Поповски и Крсто Димитриевиќ го формираа ФК “ЉУБОТЕН”. И од тогаш клубот непрекинато до денешен ден опстојува…
ФК ЉУБОТЕН воспита многу генерации спортисти. Многумина од нив ја пронесоа славата на ФК ЉУБОТЕН, Тетово и Македонија играјќи за Фудбалската репрезентација на Македонија, за најдобрите македонски и за бројни странски екипи.
ЦЕЛО ТЕТОВО Е ЉУБОТЕН! ТЕТОВО ОД СРЦЕ ЗА ЉУБОТЕН! 105 ГОДИНИ ФК ЉУБОТЕН НАПРЕД ПЛАВИ а