Соопштение на СВР Тетово 9 мај 2024 година
На 08.05.2024 во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле 10 странски државјани од Непал, кои биле вработени во угостителскиот објект. Според пријавеното, тие на подрачјето пристигнале на 22.04.2024 и истиот ден престојот уредно го пријавиле во СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 08.05.2024 во 23.40 часот, полициските службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода А.Р.(45), М.Р.(39) и М.Р.(20) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 23.15 часот во с.Горно Седларце физички ги нападнале А.У.(40) и Н.С.(35) од истото село. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следува соодветен поднесок.