Промената на временските прилики и ниските температури изминатата ноќ резултираа со нова снежна покривка на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка.
Луѓето од сместувачките капацитети и угостителски објекти на социјалните мрежи споделија фотографии од новата снежна атмосфера на Попова Шапка.
– Зимата никако да си оди. Ноќеска наврнаа 10-20 сантиметри снег на Попова Шапка. Но овој снег е мек и нема да биде добар за скијање. Со снегот имаме само прилика за нови фотографии преку кои ќе доловиме една снежна бајка на скијачкиот центар, ни изјавија од сместувачкиот објект „Конак“.
Ски-центарот Попова Шапка инаку уште на 19 март извести дека поради високите температури и немањето соодветни услови за скијање, официјално се затвора зимската сезона.
ас