• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Димитар Ковачевски: Европски брендови ќе се произведуваат во европско Тетово, гласајте за број 1, за советничката листа на СДСМ

13/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски се приклучи на средбите со граѓаните по повод кампањата на партиските кандидати за советници за изборите на 20 август за Совет на Тетово. 

-Важно е во состав на Советот да влезат докажани, угледни и чесни личности кои се подговтени да работат за своите сограѓани, а листата на СДСМ е составена токму од такви имиња, преводена од носителот Глигорије Стојановски.

Сите вие многу добро знаете што се успеавме да реализираме во Тетово во овие четири и пол години. Нов затворен пливачки базен, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов училишен објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на 5 автобуси за јавен транспорт, реконструкција на СОУ Кирил Пејчиновиќ.

И тоа е правецот по кој треба да се движи оваа општина. Да се развива, да ги користи сите свои потенцијали за да обезбеди еднакви и подобри услови за живот и работа на сите граѓани.“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека Тетово е важно затоа што токму оттаму беше промовиран концептот Едно општество за сите, затоа што токму Тетово денес е пример за соживот, за заедништво за соработка кои гарантираат и економски развој на општината.

-Денеска, на 21годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор го означивме стартот на изградба на нова фабрика за електрични автомобили кои ќе се произведуваат токму тука во Тетово. Тетово денеска е град кој живее во духот на мултикултурализмот, град во кои се отвораат нови работни места, град кој дава еднакви шанси за секого. Град каде ќе се произведуваат европски брендови, ете за такво европско Тетово се залагаме. Затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден, за СДСМ и коалицијата, за Стојаноски и кандидатите за советници, гласајте за европско Тетово“ повика претеседателот Димитар Ковачевски.

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Бојан Маричиќ: Владата и СДСМ се грижат за Тетово за да биде успешна европска приказна

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.