• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Димитар Спасески (36г.) го фати осветениот крст на денешното одбележување на Водокрст во црквата Света Богородица во Тетово

18/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовската црква „Света Богородица“ се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. По светата литургија, митрополитот г. Јосиф во црковниот базен во дворот во црквата сизврши Водосвет и спуштање на Светиот крст. По крстот скокнаа тројца верници, 36 годишниот Димитар Спасески, неговиот врсник Љубиша Јовановски и 28 годишниот Александар Стефановски. Најуспешен и најсреќен беше Димитар.

– Прв пат се фрлам по осветениот крст и прв пат успеав да го фатам, но десет години се пријавувам. Господ да дава здравје, бериќет и убавина на сите. Младите да бидат повеќе активни во црквите, изјави 36 годишниот Димитар Спасески.

Традицијата за Голем водосвет и спуштање на осветен крст во црковен базен е започната во 1986 година.  Изграден бил нов базен со донација на Мишко Васовси, иселеник од населбата Горно маало каде што се наоѓа црквата во Тетово во САД.

-Од тогаш редовно се организира на Водокрст, спуштање на крстот во осветените води. Со благослов на сега покојниот владика Кирил, дозволи на 18 да се одржи традицијата. Тој посочи тогаш дека исто е значењето Големо осветување или Голем водосвет може да се прави и на Водокрст. Две години немавме организирано само во 2001 и 2021 поради пандемијата. Но инаку има народ, изјави Небојша Неделковиќ, од црковен одбор на Света Богородица.

Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија господин Јосиф по празничната литругија во својата беседа го истакна значењето на празникот, денот кога се осветуваат водите, а воедно ги поучи верниците како правилно треба да ја употребуваат светата вода.

Единствено во Тетово чинот на спуштање на крстот се извршува и на празникот Водокрст, односно еден ден пред Водици. Утре на Водици централното одбележување е во соборната црква Свети Кирил и Методиј каде осветениот крст ќе се спушти во црковниот базен по празничната литургија околу 9 часот и 30 минути.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Приведен жител на Одри бегалец од затвор кој ноќеска крадел во Беловиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.