• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Државното знаме го нема никаде во Тетово-не се почитува доследно законот за употреба на знамиња на заедниците

29/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово неколку дена се организираа разни настани по повод 28 ноември денот на албанското знаме при што воопшто не се почитуваше доследно соодветниот Закон за употреба на знамињата на заедниците, без употребата на знамето на Македонија.

Овој закон дозволува да се користат знамиња на припадниците на заедниците со знаме преку кое го изразуваат својот идентитет и особеностите (член 7) но исто така тоа мора да биде во согласност со член 8 каде се вели доколку се истакне знамето на таа заедница, се истакнува и знамето на Република Македонија.

Знамињата се стакнуваат на следниов начин кога: – знамето на Република Македонија е истакнато заедно со знамето на заедницата и знамето на единицата на локалната самоуправа, знамето на Република Македонија се истакнува во средината, додека знамето на заедницата е два метра надесно, гледано однапред, а знамето на единицата на локалната самоуправа е два метра налево од државното знаме; – знамето на Република Македонија е истакнато заедно со знамето на заедницата, знамето на заедницата е надесно, гледано однапред, од знамето на Република Македонија и – се истакнати повеќе од три знамиња, знамето на Република Македонија ќе биде прво во редот, се вели Законот.

Членот 12 од Законот се однесува на казнените одредби. Со парична казна од 20.000 до 150.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице кое постапува спротив- но на одредбите од членот 8 на овој закон. За прекршокот од ставот 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 5.000 до 15.000 денари и одговор ното лице во правното лице, се вели во Законот.

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

СВР Тетово: Малолетници украле автомобил, најдени за половина час

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.