• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Дваесет и пет годишна девојка од Мала Речица приведена поради откриена марихуана

21/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дваесет и пет годишна девојка од тетовска Мала Речица била лишена од слобода вчера околу 21 часот откако кај неа била најдена марихуана.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (20 јануари) околу 21 часот, во близина на угостителски објект во Тетово, ја лишиле од слобода А.М.(25) од тетовска Мала Речица кај која била пронајдена марихуана.Таа е задржана во Полициска станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе и биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.

Во член 215 од Кривичниот законик се вели дека тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години.

Воедно СВР Тетово бележи дека вчера околу 22 часот и 45 минути, приведување со судска наредба на 31-годишната А.Н. од Штип со времен престој во Тетово, за издржување на 4-месечна затворска казна исто така по член 215 од Кривичен законик. Набргу потоа, таа е спроведена во КПУ Затвор Идризово во Скопје.

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Одбележани 22 година од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.