Во тетовскиот регион, поточно околу тетовската наплатна рампа од автопатот Тетово-Гостивар нема градежни работи кои на 4 април минатата 2023 година беа најавени со церемонија и откривање информативна табла со натпис на кој беше наведено дека има поставување камен-темеленик за изградба на автопатот Тетово-Гостивар како дел од Коридорот 8.
Денес на ова место нема градежни работи, а од информативната табла се останати само рамките.
Пред една година претставниците на Владата кои ја открија таблата најавија дека почнува силна градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8.
„Вредноста на Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д изнесува 1,3 милијарди евра. Ќе се градат четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри, најавија од Владата за соработката со американско-турска компанија која ќе ги гради автопатите.
По поставувањето на оваа табла имаше уште два настани во тетовскиот регион од кои беше најавено дека се почнати испитувања како и дека мехизацијата пристигнува во државата со цел да почнат градежните работи.
Артан Груби: Механизацијата за изградба на Коридор 8 е на пат кон нашата земја
Тетово инфо денес испрати прашање до Јавното претријатие за државни патишта со цел да се достават информации за тоа кои работи, мерки и процеси досега до април 2024 се преземени за најавеното реконструирање и проширување на автопат Тетово-Гостивар, дел од Коридор 8. Одговор не стигна до времето на објавување на текстот денес 4 април 2024 во 15 часот и 30 минути. Доколку стигне одговор наредните денови, содржината ќе биде објавена.
ас