Соопштение на МВР
На 10.02.2024 во 20.40 часот на ул.„107“ во Тетово во близина на угостителски објект полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.С.(37) и А.Х.(20), двајцата од Тетово, кои претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.02.2024) во 00.50 часот Г.С.(37) од Тетово пријавил дека на 10.02.2024 околу 20.15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово бил физички нападнат од А.Х.(20) од Тетово, кој, според пријавеното, користел и дрвен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 22.30 часот В.Л.(20) од Тетово пријавил дека околу 20.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, каде физички се пресметувале Г.С.(37) и А.Х.(20) двајцата од Тетово, Г.С. со остар предмет го нападнал пријавителот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.02.2024) во 00.30 часот пред угостителски објект во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.Ј.(19) од Скопје поради тоа што претходно во објектот го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2024 во 08.40 часот во Полициската станица Тетово Ж.О.(44) од Тетово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син Л.А.Т.(17) кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.